Press "Enter" to skip to content

Реми на Пелистер против Вардар, Битола и идната сезона ќе гледа второлигашки фудбал

Вардар – Пелистер 1:1 (1:0)

Вечното дерби на мак-фудбалот Вардар – Пелистер кое се одигра на теренот “Борис Трајковски“ во Скопје заврши “реми“ 1:1, полувреме 1:0. По ова реми екипата на Пелистер и теоретски нема шанса за играње бараж за пласман, а шансата ќе бара идната сезона.

Дербито кое одлучуваше за бараж за пласман во Првата лига започна со иницијатива на битолчани и шансите на Љамчевски и Спиркоски, а потоа иницијативата беше кај Вардар. Во 41. минута Дарио Десниќ погоди за 1:0 за Вардар. Во второто полувреме Маневски влезе во игра и постигна гол за израмување, по пеналот над Спиркоски. Во 60. минута Вардар имаше шанса и Парталко промаши голема шанса за Пелистер во 77. минута.

По ова коло веќе  е јасен расплетот во Втората фудбалска лига. Воска и Гостивар се прволигаши, а Вардар во бараж.

More from ВестиMore posts in Вести »