Press "Enter" to skip to content

Матурски концерт на Бојан Илиевски, емотивна порака до својот професор Зоран Ристевски – Озо од “Музичко“ во Битола (фотогалерија)

-12 незаборавни години  полни со смеа, емоции, патувања, натпревари и што уште не…  12.000 моменти кои ќе живеат во мене засекогаш… но знаењето, професионалноста и искуството кои успеавте да ми ги пренесете се апотеозата на нашето патешествие.

-Ви благодарам за секој момент поминат заедно, за секоја критика и за секоја пофалба.  Ми беше чест и задоволство што ја имав привилегијата да соработувам и да учам од професори како што се Зоран Ристевски и професорката м-р Елена Ѓоргиева, рече на својот матурски концерт, Бојан Илиевски. Емотивно со силна порака до своите професори на својот матурски концерт  Бојан Илиевски во КИЦ Офицерски дом Битола, каде деновиве многу матуранти се претставуваат со свои концерти. Бојан Илиевски се претстави на  ударни инструменти во класа на  професорот Зоран Ристевски – Озо На концертот пијано соработник професор м-р Елена Ѓорѓиева, од средното музичко училиште од Битола.Младиот Бојан ги воодушеви присутните, а кратко се претстави со зборовите:-Од своја седум годишна возраст се запишав во Нижо музичко училиште. Средно образование продолжив во државното музичко училиште на ударни иструменти кај професор Зоран Ристовски – Озо. Моја љубов се тапаните на кои поминав многу часови вежбање, многу концерти, многу натпревари со мојот ментор и освоени награди. Мој идол професорот и ментор Зоран Ристевски Озо.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »