Денес, на стадионот “Павел Шатев“ во Битола се одиграа Државни натпревари во фудбал во машка конкуренција средни училишта, кои ги организира Општинскиот училишен сојуз на Битола, а во завршницата играа четири екипи, кои играа полуфинални натпревари и натпревари за пласман.Учесниците на државните натпревари во фудбал во машка конкуренција на средни училишта во име на Општина Битола како домаќин ги поздрави заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, кои на сите им посака успешно натпреварување и убав престој во Битола.
Победник на дешниот турнур и воедно Државен првак е екипата на СОУ “Наил Фрашери“ од Куманово, а на второ место се пласира “домаќинот“ екипата на СОТУ “Ѓорѓи Наумов“ од Битола која во полуфиналето победи на пенали.
На трето место место е екипата на Гимназијата “Никола Карев“ од Скопја, а на четврто место е екипата на гимназијата “Мирче Ацев“ од Прилеп.
Претседателот на Сојузот на училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски, рече дека натпреварите се одиграле во најдобар ред и дека учениците одиграле добри и неизвесни натпревари.

На “Ќумурно“ државен натпревар во фудбал, Техничко од Битола второпласирана екипа (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)
- И оваа година на традиционалната забава ФК Јени Маале од Битола ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
- Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Нејц Цехте прво засилување во Битола, Еурофарм пелистер го потпиша за една сезона