Press "Enter" to skip to content

Петар Атанасијевиќ со нов договор со Еурофарм Пелистер, до 2026 година останува во Битола

Деветнаесет годишниот Петар Атанасијевиќ денес потпиша договор до јуни 2026 година и ќе продолжи со својот развој Еурофарм Пелистер од Битола.

-Горди сме што заеднички соработуваме со најдобрите млади ракометари во земјата и тоа ќе остане тренд и во иднина. Петар како малолетник пристигна во нашиот клуб, но веќе е изграден ракометар, репрезентативец и сегашност и иднина на Еурофарм Пелистер, велат од РК Еурофарм Пелистер, откако уште еден репрезентативец на Македонија се обврза на нов договор.Петар Атанасијевиќ по потпишувањето на новиот тригодишен договор, во клубските простории рече:

-Да се игра во еден ваков клуб и со вакви играчи е голема чест. Догодина се надевам дека ќе напредуваме и пак ќе се се радуваме на трофеи. Секоја чест на екипата за победата над Вардар. Сите дадовме максимумот, и тие кои играа и тие кои не добија шанса. Се гледам во овој клуб и во иднина, и во наредните години. Млад сум и има уште многу време за мене и како ракометар и како личност.
More from ВестиMore posts in Вести »