Press "Enter" to skip to content

Едукативен настан во организација на “Хемера“ за млечниот трн (фотогалерија)

Во ресторанот “Голд Фелиција“ се одржа едуктивен настан кој го организира компанијата “Хемара“, а настанот беше акредитиран од страна на Лекарската и Фармацевската комора.На настанот зборуваше проф. д-р Ѓоше Сревков, редовен професор на Фармацевскиот факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, за ефектот врз здравјето на млечниот трн. Зворуваше и Славица Тодорова, сопственик на компанијата “Херера“, чии полиња на бел трн се наоѓаат во Неготино, а фабриката за паковање е во Росома.

Семето од бел трн,  Silybum marianum L., бел или млечен трн е органски произведено и сертифицирано семе (плод) од бел или млечен трн по принципот „од нива до трпеза“ од еколошки чисти подрачја во Македонија.Семето од бел трн е 100% органско сомелено семе (плод) од бел трн без додатоци, бои, ароми и конзерванси, е најмоќниот природен прочистувач на црниот дроб со силно хепатопротективно дејство и производ со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството.За хемискиот состан на Семето од бел трн, беше речено, дека главна активна состојка е флаванолигнански комплекс составен од: силибин, силидианин и силикристин, кој се означува со заедничко име „силимарин“ што често се користи и за име на целото растение. Силибининот, исто така познат како силибин, главната активна состојка на силимаринот представува мешавина од два диастереомери, силибин А и силибин Б, во приближно еквимоларен сооднос. Силимаринот го има најмногу во плодовите – “семето”, помалку во листовите и останатите делови од растението. Сепак, само плодот односно семето наоѓа примена во практиката. Покрај силимаринот, семето содржи и слободен таксифолин, други флавоноиди, слузи, масло, смоли и друго.На настанот кој имаше и интеративен каректер присуствуваа голем број на лекари и фармацевти од Битола и регионот.