Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер е првиот финалист во Купот, лесна понеда над Пролет

Еурофарм Пелистер – Пролет 28:21 (17:10)

Еурофарм Пелистер од Битола е првиот финалист во финалет кое ќе се игра в сабота во Охрид. Лено ја победи екипата на Пролет, а го чека победникот помеѓу екипите на Алкалоид и Вардар кои вечерва ќе одлучат кој ќе биде вториот финалист. Битолчани победија со 28:21, полувреме 17:10, за 14. по ред финале за “зелено-белите“.

Александар Јовиќ тренерот на битолчани се одлучи да ги одмори носителите на победата над Вардар во првенствоти, Ојлески, Лесјак и Суси,  Сери и Дејвис, а разликата в0 квалитет се гледаше во сите 60 минути.

Еур0фарм Пелистер имаше водство, а само еднаш Пролет дојде до -2 (7:5), а тоа беше се што “скопјани“ направија во ова полуфинале. Потоа Еурофарм Пелистер направија серија од 5:0 за 12:5, по што се беше јасно. На одмор се отиде со 17:10. Второто полувреме беше само формалност, а играа и Жарко Пешевски, Мирко Радовиќ, Петар Атанасиевиќ, Дарко Стевановиќ. 

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Цветан Кузмановски со 7 и Ненад Костески со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »