Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: утре еко-акција “Генералка викенд“

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми, месните и урбаните заедници, воспитно образовните институции и граѓаните, утре ќе ја спроведе акцијата „Генералка викенд“.

Работните активности за почиста животна средина ќе започнат од 08:00 часот, а ќе се одвиваат на следните локации:

-Обиколница наРегионален пат Битола – Охрид

-АРМ – просторот на поранешната Касарна

-Просторот околуХотел „Битола“

-ул. “Тошо Даскалот“– Партизанска

-Тумбе кафе (кај авионите)

-Mесто виканоКајнак.

На наведените локации може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, а своето учество со чистење на површините околу училиштата веќе го најавија 8 основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со што во акцијата учество ќе земат над 1500 ученици.

Културно уметничкото друштво „Илинден“, за време на „Генералка викенд“, заедно со жителите од урбаната заедница, ќе спроведе активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата се вклучува и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“, „Благојче Силјанов -Џуџето“ и други, со расчистување на просторот кој гравитира кон овие урбани заедници. 

More from ВестиMore posts in Вести »