Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ученици од “Коле Канински“ поделија едукативен материјал на железнички премин, повреден градежен работник во Ниже Поле

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со ученици од основното училиште “Коле Канински“ од Битола го одбележаа 11 Мај -Денот на културата во сообраќајот. На учениците им беше укажано дека сообраќајната култура има суштинско значење и претставува начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесници во сообраќајот.  Тие го посетија и најблискиот железнички премин и на возачите на автомобили, на мопеди и на велосипедистите им беше делен едукативен материјал со укажувања за почитување на сообраќајните правила и прописи. 

На 10.05.2023 во СВР Битола било пријавено дека во с.Нижеполе, битолско, при изведување градежни работи со тешка телесна повреда се здобил 56 годишник од Битола. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а за настанот бил известен и трудов инспектор.
 

More from ВестиMore posts in Вести »