Општина Битола, заедно со јавните претпријатија, приватните фирми, основните и средните училишта, месните и урбаните заедници и граѓаните, од утринава масовно ја спровува акцијата „Генералка викенд“.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски посети неколку локации каде што се изведува акцијата и испрати апел до сите граѓани за одржување на веќе исчистените локации и депонии, но и да не се создаат нови депонии низ градот и околу него, кои оставаат лоша слика и ја загадуваат околината во која што сите живееме.
-Денес сме на терен, предмалку бевме во ОУ „Даме Груев“, каде во акцијата „Генералка викенд“ се вклучени 750 ученици. Сега сме на локацијата „Кајнакот“ и уште шест други локации кои се вклучени во акцијата, за почиста Битола. Во оваа голема акција се вклучени сите јавни претпријатија, осум основни и едно средно училиште, вклучени се и шест урбани заедници, кои со граѓаните учествуваат во уредување на терените. На оваа локација се вклучени и членовите на КУД „Илинден“ и уште многу поединци, приватни фирми и во оваа прилика се заблагодарувам и на приватниот сектор, кои со оператива и нивни машини се вклучени во отстранување на депониите.
Упатувам еден апел и до граѓаните, да си ја одржуваме и да си ја сакаме Битола малку повеќе, да не создаваме депонии, затоа што никогаш не можеме доволно да исчистиме колку што ќе се собере смет на овие места и насекаде низ Битола. Јавните претпријатија одржуваат во текот на своето работење, но помошта од граѓаните е многу добредојдена во секој поглед.
Денес се вклучени и учениците во оваа активност, односно околу 1500 ученици се дел од акцијата. Голема благодарност до сите кои што се вклучија во оваа активност, ќе настојуваме вакви акции да има почесто, а ние тековно со јавните претпријатија секој викенд, не само со ЈП „Комуналец“, ќе делуваме на терен, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Работните активности за почиста животна средина се одвиваат на следните локации: обиколница на регионален пат Битола – Охрид, АРМ – просторот на поранешната Касарна, просторот околу Хотел „Битола“, ул. “Тошо Даскалот“ кај “Партизанска“, Тумбе кафе (кај авионите и место викано Кајнак во Јени Маале.
Во акцијата се вклучија осум основни училишта и средното општинско училиште Гимназија „Јосип Броз Тито“, со над 1500 ученици.
Членовите на КУД „Илинден“, заедно со жителите од урбаната заедница, спроведуваат активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата се вклучува и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“, „Благојче Силјанов -Џуџето“ и други.

“Генералка викенд“ во Битола, се чистат депонии, се отстрануваат тони смет (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија): Ротари заедницата со посветеност и визија 118 години го подобрува светот
- Во Битола променливо облачно, од пладневните часови можност за нестабилност
- Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија)
- Соработка на ЈКП “Водовод“ од Битола и “D.E.Y.A.F“ од Грција
- ЈП “Паркинзи“ Битола: вовчето “Мечо“ од утре промотивно ќе вози низ Градскиот парк