На големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ на Народниот театар во Битола, вечерва свечено беше отворен фестивалот на монодрамата, 24. по ред, кој го организира Центарот за култура од Битола, со гостувањето на НУ Театар Комедија од Скопје, со обраѓање на директорката на Центарот за култура и со изведба на претсавата “Жени во собрание“. На свеченото отворање, кое овој пат се одржа во холот на театарот, на ова 24. издание на монодрамата, Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура рече:
-Вечерва нема да должам бидејќи сцената им припаѓа на уметниците, а јас како уметник знам како е тоа, да му сметаш на некој која сака да го покаже тоа што најповеќе го знае. Ме прашуваат зошто го отвораме фестивалот со “голема“ претстава, а одговорот е едноставен. Зошто, бидејќи само така ќе ја водите паралелата помеѓу помеѓу големиот театарски чин, класична театарска претстава и големината на многу мал театарски чин, наречен монодрама, каде актерот комплетно се соголува на сцената пред публиката. Актерот е единствената алатка и единствениот кој стои пред публиката.
Големиот Шекспир напишал, да се биде или не прашање е сега, да се биде…, а актерот секогаш избора, да се биде. Да се биде сонце на слепите, да се биде утеха на тажните, да се биде поддршка на надежните, да се биде глас на обесгласените, да се биде будност на заспаните, да се биде разум на полудените, да се биде сила на обесправените, да се биде уметност наспроти кич, да се биде денес, да се биде утре, да се биде актер, веќе е да се биде глас, да се биде живот…
Интернационалниот фестивал на монодрама, 24 години е местото каде што актерите имаат можност да бидат, а оваа година сцените ќе ги исполнат со чудесна актерска светлина. 12 актери кои доаѓаат од различни земји, од светот на уметнста, кои сега се во Битола, на фестивалот на монодрама.
По свеченото отворање на фестивалот се одигра и претставата “Жени во собрание“, претстава работена по мотиви на Аристофан, во препев од проф. д-р Валериј Софрониевски и според текстови на Билјана Крајчевска и актерската екипа предводена од режисерот Ќендрим Ријани.
Во “Жени во собрание“ играат: Зорица Нушева, Ева Скендеровска, Наталија Теодосиева, Кристина Христова Николова, Благица Трпковска, Ангела Стојановска.

Отворен 24. по ред Фестивал на монодрамата во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- Изложба “Портрети низ Горната“, секоја слика раскажува приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Промовиран новиот број на “Нова Веда“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)
- Библиотеката и зоолошката градина потпишаа меморандум за соработка