Press "Enter" to skip to content

Промовирана монографија на тим професори од Правниот факултет за Народниот правобранител (фото)

На Правниот факултет ДС Битола беше промовирана Монографијата  „Функционална анализа на Народниот правобранител во Република Северна Македонија која е резултат на обемно научно-истражување кое се реализираше од страна на тим  професори од Правниот Факултет- Кичево и тоа: проф д-р Мирјана  Ристовска, проф  д-р Светлана Вељановска, проф д-р Никола Тунтевски, доц д-р  Иле Масалковски,  и  проф д-р  Елизабета Спироска од  Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе.Рецензентите на трудот проф д-р Ристо Речкоски и проф д-р Саша Дукоски меѓу другото истакнаа дека истражувањето врз кое се темели Монографијата е направено во подолг временски период а резултатите кои се објавени ќе бидат од голема корист за стручната јавност. Според нив истражувањето покажува дека е потребна поголема институционална соработка и корекции во законските решенија кои ја регулираат оваа проблематика, бидејќи, кога станува збор за почитувањето и  практикувањето  на човековите права никогаш не е премногу да се зборува и истражува, односно секогаш може да се направи повеќе од она што е направено.Содржината на Монографијата ја презентираа авторите.

Проф. Вељановска ги презентираше научните цели на истражувањето и неговата општествена важност. Во тој дел се сублимирани карактеристиките на институцијата Народен правобранител, неговиот институционален развиток и законските решенија кои постојат.Проф. Тунтевски ги презентираше податоците добиени од анкетните прашалници направени меѓу испитаниците од општата јавност.  Она што е специфично за нив е дека најголем дел од нив се запознаени за постоењето на Народниот правобранител но дека најчесто за неговото работење дознаваат од медиумите и потребна е поголема проактивност од самата институција за подобро да биде претставена во јавноста.Проф. Ристовска се осврна на делот со податоците добиени од испитаниците во делот на стручната јавност. Овде е индикативно дека испитаниците имаат забелешки на начинот на избор на Народниот правобранител како недоволно објективен. Во поглед на комуникацијата со Народниот правобранител и ефектите од тоа испитаниците се изјасниле дека делумно се задоволни пред се поради тоа што се смета дека се потребни повеќе законски надлежности од процесно-правен аспект и дополнителни човечки и финансиски ресурси за оваа институција.Заклучоците кои произлегоа од ова истражување се во насока на поддршка и развој на оваа институција во вистинска насока што ќе значи и трајно развивање на демократијата во нашата држава и зголемување на ефикасноста на работењето, пред сè на државните органи,органите на државната управа, органите на единицата на локалната самоуправа и другите органи и организации што имаат јавни овластувања.

 

More from ВестиMore posts in Вести »