Press "Enter" to skip to content

Успешно реализирани отворени денови за “Џуниор“ програмери и “Џуниор“ графички дизајнери во “Јавен адвертајзинг едукација“ (фото)

Во предходните 2 недели беа организирани дури 2 отворени денови за нашите Џуниори. 

По неодамнешниот успешно организиран и реализиран отворен ден за деца на возраст од 8 до 14 години, заради големата побарувачка решивме да организираме уште еден отворен ден за оние кои го пропуштија претходниот.ИТ едукацијата помага во развој на вештини за решавање проблеми, логично размислување и креативност, кои се важни за успех на било кое поле. Затоа нудиме обука за програмирање и графички дизајн за деца над 8 години, како и специјална обука наречена Mini Kids Coding за нашите најмлади ученици на возраст помеѓу 6 и 8 години каде децата преку визуелни елементи од програмата Scratch, на забавен и интерактивен начин ги запознаваме со светот на програмирањето.Во моментов нашата институција брои повеќе од 200 тековни ученици, меѓу кои имаме и ученици кои имаат завршено повеќе нивоа од нашата џуниор обука за програмирање која се состои од едно основно и четири напредни нивоа на програмирање. Разбираме дека влегувањето во ИТ светот може да биде застрашувачко, па затоа во моментов нудиме и бесплатни часови за децата кои не се сигурни за преземање на првиот чекор. Со нашите искусни инструктори и персонализиран пристап, имаме за цел да го направиме процесот на учење пријатен и достапен за сите.Во Јавен Адвертајзинг нудиме и часови по англиски јазик за деца кои сакаат да ги прошират своите јазични знаења и вештини. Со нашите разновидни програми, искусни инструктори и персонализиран пристап, како и примена на најновите смарт асистенти и мини роботи имаме за цел да обезбедиме најдобро искуство за учење за вашето дете. Контактирајте не денес за да дознаете повеќе за нашите програми.Посетете ја нашата веб страна https://javen-advertising.com/ или јавете се на 078 391 978 или 076 571 914 се детално ќе Ви објасниме.