Press "Enter" to skip to content

ФИКТ Битола го реализира првиот саем на кариера за вработливост на студентите ““Career Expo 2023“ (фотогалерија)  

Денес, ФИКТ – Битола ги отвори вратите за компаниите од ИТ секторот и компаниите од различните дејности со цел пред студентите да ги претстават можностите за практична работа и вработување. Во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола се одржа првиот Саем на кариера за вработливост на студентите “Career Expo 2023”.Соработката на ФИКТ со приватниот, јавниот и невладиниот сектор е сочинета од специфични активности кои имаат образовна, практична и развојна димензија и се насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство. ФИКТ е мост во создавањето на врска помеѓу стопанските и нестопанските субјекти од една страна, и студентите, идните инженери од информатички профил, од друга страна.Саемот на кариера, со особен ентузијазам го поддржа проректорката, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска изразувајќи го своето задоволство од присуството на компаниите, студентите и академската заедница на едно место.Денешниот настан, прв од ваков тип на ФИКТ, е доказ токму за тоа! Денес, на Саемот на кариера за вработливост на студентите, беа присутни 20-тина компании од ИТ секторот, но и компании од други дејности. Низ директна комуникација со студентите, матурантите и средношколците, компаниите ги претставија можностите што ги нудат за идните баратели на работа и практична работа.На настанот беа присутни и директори,  професори и ученици од средните стручни училишта од Битола и Демир Хисар.Деканот проф. д-р Благој Ристевски истакна дека со одржувањето на овој саем на кариера ќе се овозможи продлабочување на соработката со компаниите во насока на работа на заеднички стручно-апликативни и фундаментални проекти.-Со саемот се овозможува претставување на компаниите пред студентите и разгледување на можностите за практична работа и вработување, и обратно – претставување на студентите пред компаниите, како и тоа дека се овозможува дефинирање на теми за заеднички проектни задачи, дипломски работи, магистерски трудови и специјализирани предавања на стручњаци од компаниите.На Саемот, се официјализира соработката меѓу ФИКТ и ИТ компанијата “Scalefocus“, “Reality Plus“, “Unlimited Coders“, како и соработка со СОУ “Крсте П. Мисирков“ од Демир Хисар.Исто така, во рамките на Саемот на кариера за вработливост на студентите се одржа панел- дискусија на тема: „Какви ИТ знаења им се потребни на компаниите“. Панелистите: Проф. д-р Благој Ристевски, ФИКТ, Благица Петровска, IW Connect, Morten Rongaard, Reality Plus, Предраг Стојковски, Нова Солушн развија плодна дискусија за трендовите во ИТ индустријата, искуствата на компаниите од вработување на дипломирани студенти и важноста на знаењето во професионалниот развој на студентите.Тимската работа меѓу студентите се поттикнува преку организирањето на Хакатонот „Здрава околина“ ФИКТ 2023, со цел учесниците тимски да понудат решенија за специфични проблеми од областа на здравата околина со примена на најновите информатички и комуникациски технологии преку развој на софтверски решенија.„Со овој хакатон, не само што ќе се поттикнат иновативните идеи и тимската работа, туку се поттикнува и компетитивноста во развој на апликации од областа на сè поактуелната област – здравата околина. На ФИКТ се реализира дводневен хакатон, на кој студентите ќе работат на иновативни идеи и замисли со цел истите да ги претворат во конкретни решенија.Непроценлива е глетката кога под ист покрив ќе се сретне знаењето, искуството, младоста, желбата за напредок и просперитет. Во таа смисла, денешниот настан помина со импресии од студентите но, и позитивни очекувања на компаниите за идна соработка во насока на создавање на подобри услови за вработливост на студентите.

More from ВестиMore posts in Вести »