Press "Enter" to skip to content

Љупка Коларова – Пајевиќ, главен уредник на Интернационалниот фестивал за монодрама во Битола: и годинава ќе го потврдиме реномето на фестивалот

-“ДА СЕ БИДЕ... 24. “One man show“ со интересен репертоар, театарски работилници и пантомина шоу во ОФФ програмата

Интернационалниот фестивал на монодрама е  еден од најстарите фестивали на Балканот и пошироко. Фестивалот  започна да се организира уште во 1999 година со свој статут и организација, но цело време функционира во рамки на Центар за култура. Оваа година е  24 по ред Интернационален фестивал на монодрама со мото “ДА СЕ БИДЕ…“, а  започнува денес, 12 мај.

Организатор е националната установа Центар за култура. И оваа година монодрами  и театарска магија во деновите на фестивалот во Битола. Разговор со Љупка Коларова Пајевиќ главен уредник на фестивалот, заслужна за започнување и опстојување на фестивалот.

Како и секоја година квалитетен репертоар, достоен за сцените на Центарот за култура и НТ Битола. 24 по ред  Интернационален фестивал на монодрама „ДА СЕ БИД…“ Кажете ни повеќе ?

-Меѓународниот фестивал на монодрама во Битола годинава се одржува под мотото „Да се биде“, и е поддржан од Министерството за култура. Со реномето кое го има како еден од најстарите фестивали на сите овие години постои голем интерес за гостувања на монодрами од целиот свет. Тука би ја истакнала и одличната мрежа на контакти со кои комуницираме неколку месеци за да се направи селекција.

Се пријавуваат тетарски куќи, проуценти, со покана. Член сме на Интернационалниот Форум за „One man show“.Селекторот на фестивалот актерот Петар Мирчевски заедно со стручни соработници направи селекција од 30 монодрами. Така се направи избор за да има различни жанрови од различни актерски видувања, за да има квалитетен репертоар.

На фестивалските сцени публиката ќе погледне монодрами со актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија. Кажете околу програмата на фестивалот оваа година?

-На свеченото отворање што ќе се одржи на сцената „Благој Стефановски-Баге“, во битолскиот театар, ќе настапат актери на НУ Театар Комедија од Скопје со претставата „Жени во Собрание“ работена според Аристофан, во режија на Ќендрим Ријани, а на свеченото затворање, кога ќе бидат доделени и фестивалските награди, ќе настапат актери на велешкиот театар „Јордан Х.К. Џинот“ со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски.  Во официјалната програма публиката ќе има можност да ужива во  монодрами со посебен уметнички сензибилитет на новодефинираните театарски тенденции и со актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Македонија Монодрамата е специфичен фах на изведба, кој секако е еден од потешките актерски изведби и изразувања кога е само еден актер на сцена, и се обраќа на публиката.

Оваа година сакаме го обновиме конкурсот за драмски текст и со тоа покрај актерите ќе го вклучиме и писателите. Досега имавме три изданија на монодрамски текстови претходно каде учествуваа најеминентните имиња, секако анономни. Тука ќе ги споменам Владимир Костов, Томислам Османли…

“OFF програма“ на Интернационалниот фестивал на монодрама од минатата година со интересен репертоар. Кажете што ќе се случува во деновите на фестивалот?-Како и минатата година кога беше внесено како новина, ќе има  дневната офф-програма која ќе се случува на делови од Широк Сокак. Театарски работилници патоминма и сценски изведби Дарко Вељиќ. Програма „дружба со  актерите“ од монодрамите во кафе бар Јагода“, а тука се интересните изведби на Пантомимичари кои ќе се претставуваат низ Широк Сокак.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »