Press "Enter" to skip to content

Викендов 34. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато (фото)

Викендов, вчера, денес и утре во организација на планинарскиот спортски клуб Пелистер од Битола се одржува 34. традиционален планинарски марш “Димитар Илиевски – Мурато 2023“, и е во чест на освојувањето на највисокиот врв на светот – Монт Еверест од страна на првиот Македонец, член на ПСК Пелистер, Димитар Илиевски – Мурато од Битола.На Маршот зедоа учество повеќе од 200 планинари од земјава и странство, со што маршот добива меѓународен карактер.Денес планинарите се искачија на Димев врв, близи до највисоката точка на Баба Планина, на Антена, 2.601 метар положија цвеќе, се поклонија со што му оддадоа почит на Мурато.Денешната маршрута на 34. традиционален марш “Димитар Илиевски-Мурато“ започна од Инфо-Центар, Палиснопје, Ловечка куќа, Врв Пелистер, а на крај на Димев Врв, каде се одржува читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато.

Има и полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки, кратка комеморација, поздравен говор, доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата.ПСК Пелистер организира превоз за битолчани до Инфо центарот, ноќевање во планианрскиот дом “Димитар Илиевски Мурато“ на Големо Езеро, локален превоз за битолчани.Денешните маршути беа обезбедени со водичи и спасувачи, од страна на организторот ПСК “Пелистер“ од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »