Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во финалето од Купот, пехарот за Вардар (фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 26:25 (16:12)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола не успеа во борбата, пехарот од Купот да го донесе во Битола и неговото име да биде изгравирано за оваа сезона.  Вардар 1961 остана на тронот и по драматично финале победи со гол разлика 26:25, во Купот кој оваа година се играше во СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид, за трета победа по ред на Вардар 1961 над Еурофарм Пелистер во мечевите за Куп победник.Ракометарите на Вардар го одбранија трофејот во Купот, откако славеа против големиот ривал Еурофарм Пелистер со 26-25 на финалниот натпревар кој се одигра во СРЦ „Билјанини Извори“. Ова е 16 трофеј за „црвено-црниот“ тим во ова натпреварување.Отворањето на финалето беше во знак на “вардарци“ кои имаа стартни 4:1, а Еурофарм Пелистерне постигна гол цели 7 минути. Потоа беше и 6:3 и 7:3. На пауза вардарци водеа со 16:12, иако можеше да бидат и плус пет, но Ојлески погоди во последната секунда.На стартот на вториот дел “пелистерци“ откако Лесјак фати неколку топки, 18:16. Пешевски, кој погоди за 19:18. Следуваа три грешки по ред на битолчани, Вардар се врати на разлика од четири гола, 23:19 и 24:20. Танкоски погоди за 24:22, а Суси од пенал најави драма и 24:23 Ристовски му одбрани зицер на Ојлески и Вардар стигна до плус три, 26:23. На 1,20 минута до крајот беше 26:25. Следуваше долг напад, кој судиите не го прекинаа, па Еурофарм Пелистер имаше уште малку време за реми гол.Фаулот над Атанасиијаевиќе судиите не го претворија во пенал, според новите правила и го оштетија битолскиот клуб. Атанасијевиќ на 60:00 минута го имаше последниот удар од девет метри но не погоди, и на семафорот остана 26:25.Во меѓувреме многу негодувања од клупата на битолчани до судиите и тензии по завршувањето на натревар0т по провокациите на Недановски кон трибината каде беа навивачите на Еурофарм Пелистер и тага кај сите за поразот.

Најдобри стрелци во Еурифарм Пелистер се Тунижаните Суси и Хосни со по пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »