Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола во организација на Институтот за романска култура од Букуреш, Информативниот центар на Романија во Скопје и Амбасадата на Романија во Македонија во соработка со Влашката културна асоцијација и Лига на Власите Асоцијација „Браќа Манаки“, оддржан културен настан.Настанот беше насловен како “Културните врски помеѓу Романија и Македонија – “Ароманската музика и браќата Манаки“.
На настанот се обрати амбасадорот на Романија во Скопје, Адела Моника Аксинте.
На настанот беше присутен почесниот конзул на Романија Александру Мамакис, со седиште Битола, а беа присутни и припадници на влашката заедница од Битола, почесни конзули и други гости.
Во музичкиот дел настапија гостите од Романија, Чипријан Порумбеску, Џорџе Енексу, Јон Думитреску.
Во научниот дел со интересни документи и предавања за баќата Манаки и влашкиот етнос на овие простори се претставија научните работници Кармен Ирина Флоареа, Мануела Новачи, Каталин Д. Костантин и Емил Циркомнику.
Присутната публика освен прекрасниот настап на музичките уметници, можеше да посведочи куриозитетни фотографии и документи од животот на браќата Манаки.
На настанот темите на кои се зборуваше беа “Архивски документи за Јоан Д. (Јанаки) Манаки“ и “Номади за Балканот, еден век подоцна – Браќата Манаки“.
–Ова е почеток на една поинтезивна културна соработка помеѓу Р.Романија и Р.Македонија најавуваат гостите од Романија, беше речено на предавањето.

Културните врски помеѓу Романија и Македонија – “Ароманската музика и браќата Манаки“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- Изложба “Портрети низ Горната“, секоја слика раскажува приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Промовиран новиот број на “Нова Веда“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)
- Библиотеката и зоолошката градина потпишаа меморандум за соработка