Во хотел “Милениум“ во Битола, партијата на обединети демократи на Македонија-ПОДЕМ, Организацијата на жени и Комисијата за образование при ОО ПОДЕМ Битола организира трибина насловена “Развој на емоционалната интелегенција кај деца и млади за надминување на агресивното однесување – Булинг“.На трибината присутвуваа претседател на ПОДЕМ, проф. Д-р Живко Јанкуловски, членови, активисти, избрани и именувани функционери и пријатели на Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ.На темата “Развој на емоционалната интелегенција кај деца и млади за надминување на агресивното однесување – Булинг“ свое излагање имаше проф. д-р Марија Димовска, како претставник на академската заедница која специјализира на овие прашања.-Оваа трибина е уште еден од честите исчекори на ПОДЕМ надвор од сивилото на дневната политика кон сензибилизирање на стручната и општатата јавност за теми кои се актуелни за граѓаните, овој пат во светло на траорните настани во соседна Србија од минатата недела.ПОДЕМ останува доследна на својата граѓанска, центристичка определба и продолжува своите главни квалитети, академскиот и интелектуалниот капацитет да ги става во служба на отворање и решавање на прашањата пред истите да станат вистински проблеми, беше речено на трибината.
Трибина на ПОДЕМ: развој на емоционалната интелегенција кај деца и млади (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)