Press "Enter" to skip to content

Охрид “зелено-бел“, илјада битолчани кејот покрај езеро го “направија“ Широк Сокак во Битола (фотогалерија)

Како и се очекуваше вчера Охрид беше зелено-бел, а зелено белата боја доминираше насекаде, а охридскиот кеј беше како Широк Сокак во Битола. На кејот, покрај езеро, низ кафулината, по кафеаните… насекаде битолчани со зелено-бели дресови, со зелено-бели шалови, со обележја на клубот за кој дојдоа во Охрид, за клубот за кој навиваа во финалето од Купот, за Еурофарм Пелистер.Пред 18 часот од сите страни на Охрид зелено-белата боја се “пресели“ во спортската сала “Билјанини извори“ каде “пелистерци“ се бореа за големиот пехар на Ракометната федерација на Македонија, за победникот на Купот.А, во салата трибината зелено-бела, а таму околу 1.000 битолчани го бодреа својот тим во куп-финалето, онака како и доликува за навивачите од Битола, кои и во Охрид покажаа дека се најракометната публика не само во Македонија.Но, за жал Еурофарм Пелистер не дојде до победата, а на битолчани им пропаднаа плановите големиот пехар да го донесат во Битола.Но, остануваат уште две кола до крајот на Шампионатот, на “пелистерци“ им требаат две победи во две кола и заедно да се радуваат на титулата,  ни преку фот-галерија фотографирана на трибините, во пренесуваме дел од атмосферата на “битолската“ трибина во Охрид. 

More from ВестиMore posts in Вести »