Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи ТФТ со “стотка“ во Битола и го направи првиот чекор кон финалето (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ 100:80

Кошаркарите на Пелистер во Битола, во салата „Боро Чурлевски“, убедливо победија во првиот полуфинален натпевар против ТФТ Моцарт си 100:80,  во натпревар во кој имаа целосна контрола и го направија првиот чекор кон финалето.

Натпреварот започна со неверојатна серија на битолчани со 14:0, а потоа беше и 19:2, или водство од +19. До полувремето предноста беше огромни 26 поени разлика, а на одмор се замина со убедливи 62:43.Второто полувреме започна со третата четвртина која му припадна на ТФТ, а разликата се намали само на шест поени 66:60). Во завршните десет минути се влезе со 18 поени во корист на Пелистер, а ТФТ неможеше ништо против +25. До крајот Пелистер дојде до 100 поени.Најдобар играч на мечот беше Сеад Хаџифејсовиќ кој имаше “дабл-дабл“ ефект од 32 поени и 12 скока, а Маслинко со 23 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »