Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер ја имаа поддршката од трибините, за финалните натпревари во Битола целосна мобилизација (фотогалерија)

Кошаркарите на Пелистер во Битола синоќа ја победија екипата на ТФТ Моцарт во првиот од трите планирани натпревари во полуфиналето, кое ќе одлучи кој ќе биде финалистот во годинашната кошаркарската сезона и ќе игра против победникот помеѓу МЗТ и Работнички.Битолчани редовно беа на кошаркарските натпревари, а на трибините секогаш беа. како ни рече битолчанецот Димитар, “истите па истите“ со мали измени.-Секогаш кошаркарите ја имале поддршката од навивачите, но тоа беше во број кој секогаш требаше да биде поголем. Но, беше ладно, салата ладна, а ние кои најверните бевме секогаш тука. Сега во полуфиналето се “мена работата“ има публика и на другата трибина. Денес има многу нови, за разлика од постојаните и ме радува. Очекувам во двата финални натпревари салата да биде полна, а за мајсторката да одиме во Скопје, кај МЗТ по пехарот и титулата. А, дека ќе биде преубаво да се биде во салата во финалето само треба да се потсетиме, како беше лани.Но, за да дојде орво до финалето треба да победи ТФТ на гости, а во случај да треба да се игра “мајстрока“, тоа ќе биде генерална проба на публиката.Екипата на Марјан Илиевски и сите кошаркари ја заслужуваат поддршката, а како најавија навивачите за финалните натпревари ќе имаа целосна мобилизација на љубителите на кошарката во Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »