Деновиве во Велес се одржа финалето на натпреварот за најгласна ученичка заедница на Македонија, на кое учествуваа ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, од ученичката заедница и детето правобранител. Тимот настапи со паролата “Изборот не е тој што не дефинира како луѓе, туку ангажманот и борбата за остварување на истиот“.Во финалето во Велес тие го освоија првото место и наградата “Најгласна“, а во тимот беа Мартин Кочишки – претседател, Дончо Јанкула – претставник на Младинскиот актив и Евгенија Маслинко – Дете Правобранител.
Тимот се подготвуваше и настапи под менторство на психологот Елена Кузмановска, а беспрекорно го претставија ставот на младите, кој секогаш е ислушан од директорката, помошник директор, стручната служба и наставниот кадар во Гимназијата.

Учениците од ученичката заедница на Горната Гимназија и детето правобранител “Најгласни“, победници во финалето (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)