Press "Enter" to skip to content

Меѓународниот Славјански Универзитет и ОУ “Кирил и Методиј“ од Битола со заеднички настан и работилница “Работа со надарени и талентирани ученици“ (фотогалерија)

На настанот учество зедоа ученици или т.н мала театарска група “Фушерски глумци“ со изведби на сцени драма “Бегалка“ од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола и студенти од факултетот за психологија на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола.

Осмооделенците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ при посетата на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола имаа можност во амфитеатарот пред студентите од факултетот за психологија да ги претстават своите таленти со изведба на сцени од драмата “Бегалка“. Студентите и учениците под ментортво на училишниот психолог Жанета Ристевска и доц. д-р Горица Поповска – Налевска имаа можност да учествуваат во дискусија во однос на работата со талентирани ученици. На работилницата беа прикажани проектите со надарени и талентирани ученици од училиштето.-Со овој настан уште еднаш ја потврдивме значајноста на меѓусебната соработка меѓу сите нивоа на образование почнувајќи од примарното, па се до високото образование. Доколку сакаме да зборуваме за квалитетна настава на студентите потребно е да се направи спој на теоретските знаења и практичните вештини, истакна доц. д-р Горица доц.д-р Горица Поповска Налевска професор на факултетот за психологија и координатор на практичната настава на студентите во воспитно-образовните институции.Студентите од втора година имаа можност да обавуваат едномесечна практична настава во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ под менторство на училишниот психолог Жанета Ристевска. Во текот на практичната настава студентите се запознаа со сите домени на работа на училишниот психолог, а воедно активно учествуваа и во подготовката на активностите со талентирани ученици. Преку драматизацијата не само што се негува љубовта кон пишаниот збор и телентите во областа на сценската уметност, туку се овозможи учесниците да навлезат во една подлабока психолошка анализа на ликовите и подобро разбирање на меѓучовечките односи во реалниот живот.Жанета Ристевска психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ низ активностите на работилницата кажа:-Грижата  за развојот на надарените и талентираните и работа со нив треба да ни биде приоритет низ воспитниот процес уште од најмала возраст во училиштето. Да се идентификуваат и насочуваат во правец на развивање на своите таленти. Бидејќи талентот не е само “дар од боговите”, т.е. не е само резултат на наследната еволуција на човекот, туку е и многу работа и постојан развој на личноста .Со оваа работилница ќе ги поврземе теоријата и практиката за работа со надарени ученици. Ќе ги прикажаме проектите со надарени и талентирани ученици од нашето училиште. Ученците кои беа вклучени во  драмата „Бегалка“ , можам да кажам дека прераснаа во мала театраска група. „Фушерски глумци“ која има покани за изведба на истата од повеќе места. Тие со секоја изведба на драмата ја воодушевуваат публиката. Се подготвуваме и за наредни проекти кои засега нека бидат изненадување.  А ќе настапуваме на свечената приредба на патрониот празник на нашето училиште со сцена од мјузиклл и додаде:-Надареноста за глума се забележува од најрана возраст и лицата надарени за глума можат да се препознаат според следниве способности: натпросечна интелигенција, јака меморија, силна перцептивна способност, добар слух, завидна музикалност и емоционална експресија. Наша задача е да ги идентификуваме, насочуваме, поттикнуваме и мотивираме за да ги изразат овие способности низ учество во ваков вид изведби.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »