Во Ректоратот на УКЛО Битола одржана е работна средба со претставници од Вишеградскиот фонд чиишто активности се прошируваат во земјите од Западен Балкан.Главна тема на дискусија беше проширување на соработката, посебно во делот на студентски стипендии и други форми на мобилност на академски кадри и соработка, што се овозможени од флексибилноста на програмите што ги нуди Фондацијата.
Извршниот директор на Вишеградската фондација, Петар Мареш, кој на средбата присуствуваше со дел од својот тим, ги претстави можностите за соработка и вклучувањето на УКЛО.
Покрај ректорот Игор Неделковски и проректорката за студентски работи, Јасмина Буневска – Талевска, на средбата учествуваа и академски кадри од УКЛО.
По работиот дел, гостите одржаа презентација за студенти од УКЛО.

Нови можности за академска размена меѓу УКЛО Битола и Вишеградскиот фонд
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси