Во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола, деновиве е објавена и промовирана книгата поезија „Оксидиана“ од италијанската поетеса Лучила Трапацо. Книгата беше промовирана во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола , во присуство на авторката и гости-љубители на поезијата.Промотор и рецензент на книгата беше м-р Мирјана Стојановска, стихови читаше проф. Ана Жежовска, а музичкиот дел со изведба на флејта го реализира Ана Трсуновска. Препевот на книгата го направи доц. Маја Милевска- Кулевска. Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура.
–Книгата поезија „Оксидиана“ од италијанската поетеса Лучила Трапацо е прва нејзина препеана книга на македонски јазик, книга која во Италија беше првично објавена во 2018 година. Книгата содржи 45 песни, поделени во три циклуса: „Една горка мисла“, „Солен гест“ и „Скок и танц“. Оваа современа авторка го носи во себе целиот филогенетски багаж, полна со филантропија и емпатија. Низ песните ја препознаваме како вечно буден стражар кој бдее над добрата судбина на луѓето во светот денес. Од друга страна, авторката онтогенетски го носи автентичниот раст во духовната сфера каде се отсликува себе во медитативна форма на опуштеност, на набљудување, на живеење во сегашноста, во актуелниот миг. На пати носталгична, дури и меланхолична, Лучила, најчесто поентира со доброто, со љубовта, со надежта за подобра иднина за сите, истакна промоторот на книгата м-р М-рјана Стојановска.
Поетесата Лучила остави силен впечаток на сликовита дури и драматична презентација на дел од нејзината поезија, каде со песна и мала сценска изведба ги пренесе емоциите од нејзината таканаречена женска поезија.
Лучила Трапацо е преведувана на десетина јазици, активно учествува на европски поетски фестивали. Добитник е на многубројни награди и признанија, како за литературните, така и за нејзините ликовни дела.

Промовирана книгата од италијанската поетеса Лучила Трапацо во издание на битилското здружение “Нова“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“