Press "Enter" to skip to content

Полицијата во брза реакција го пронајде 78 годишникот на патот за Нижеполе

Полициски службеници од СВР Битола со брза реакција на патот за Пелистер пронајдоа повозрасно исчезнато лице  

Во текот на вчерашната вечер (16.05.2023), по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање. 

Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола – Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во  домот.

More from ВестиMore posts in Вести »