Press "Enter" to skip to content

Примопредавање на опрема за противпожарните единици од Пелагонискиот регион и презентирани активности на проектот “SOLVE“ (фото)

Денес во Противпожарната единца во Битола, а во рамките на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари“, чиј имплементатор е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, денес се одржа примопредавање на опрема за противпожарните единици од Пелагонискиот регион. На денешниот настан, присуствуваа Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и директорот на центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов. Помошник командирот на ТППЕ Битола, Горан Димковски, нагласи дека оваа опрема има големо значење за ТППЕ Битола. Градоначалникот Коњановски, потенцираше дека, локалната самоуправа продолжува со поддршка во реализацијата на проектите, но и со инвестиции за подобрување на условите за пожарникарите со цел овозможување поефикасна противпожарна заштита на населението.-Ги опремуваме сите противпожарни единици, вработените во противпожарните единици секојдневно се соочуваат со високи ризици по здравјето и по животот заради зачувување на безбедноста на нивните сограѓани и нивните имоти. Нивната соодветна опременост значи заштита на нивното здравје и живот и зголемена ефикасност и успешност во справувањето со огнената стихија. Министерството за локална самоуправа ги кофинансира сите одобрени проекти и за тие да бидат корисни и за општините и за граѓаните. Ќе продолжиме со финансирање и кофинансирање на ваков тип на проекти, затоа што Владата, преку своите политики, парите од Буџетот ги реинвестира во граѓаните.  Човечкиот капитал е најважен, а грижата за луѓето и за нивната благосостојба е еден од најважните услови за развој и на општините и на државата, рече Пенов.-Со денешната активност, конкретно ТППЕ Битола, добива по 32 комплети интервентни заштитни одела, чизми, ракавици и 32 парчиња интервентни заштитни шлемови. На овој начин, се овозможува соодветна заштита на нашите пожарникари при нивните интервенции, што е многу важно при процесот на работа и делување, пред се за поголема безбедност и заштита, а со тоа и за брза интервенција. Покрај проектот кој го имплементира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, како локална самоуправа, насочени сме и кон создавање на соодветни услови за работа на противпожарната единица, преку изградба на нов Противпожарен Дом во АРМ со површина на градбата од 1.495 метри квадратни. Основниот проект е изготвен и истиот предвидува содржина по правилник од 12 фази, меѓу кои се фазите: архитектура, градежно конструктивен проект, водовод и канализација, машински инсталации, електротехнички проект, сообраќаен проект, партерно уредување, како и соодветните елаборати кои се однесуваат на оваа градба, а се предвидени со законската регулатива. Во моментот, проектот е во фаза на ревизија, а за досегашната постапка на изработка на основниот проект, општината согласно склучениот договор и програмата за економски развој, од општинскиот буџет издвои 1.298.500 денари. Со развојната програма на општина Битола, за изведба на терен, предвидени се 30.750.000 денари. Изградбата на новата противпожарна зграда е еден од капиталните проекти кои ги планиравме со нашата програма и веќе работиме на реализација на истиот, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.Со овој проект, кој се реализира во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција, координирана од Министерството за локална самоуправа, обезбедена e целосна заштитна опрема за вработените во противпожарните единици во Битола, Прилеп, Ресен, Крушево и во Демир Хисар. Во рамките на денешниот настан, беа презентирани и другите активности на проектот „SOLVE“.

More from ВестиMore posts in Вести »