Press "Enter" to skip to content

Промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2023“ (фото)

Попладнево во хотел “Бела куќа“ во Битола беше промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2023“ кој го издаде здруженито на граѓани “Дојди, види и уживај“ од Битола. Горан Спировски, туристички работник, кој работи во туристичката агенција “Турист“ веќе 11 години, е дел од малиот тим кој го подготви “Bitola City Guide 2023“, а на промоцијата рече:-Нашиот концепр е “Bitola City Guide 2023“ да биде туристички водич на Битола затоа што град Битола има голем број туристи, меѓутоа недостигаше една информација, а таа е каде тие туристи можат квалитетно да го поминат времето во нашиот град и тоа да го испланираат пред да дојдат тука. Целта на “Bitola City Guide 2023“ е и индиректно да се поврзат повеќе бизниси, но сите да бидат задволни. Тука би ги споменал прво туристите, странските и домашните, како и давателите на услугите. “Bitola City Guide 2023“ ја имаме во две верзии и електронска.Горан Пинза, туристички водич од Битола, исто така работи во туризмот 11-12 години, дел од тимот кој го подготви ова издание,  за печатеното издание на “Bitola City Guide 2023“ рече:-Оваа година по паузата поради короната повторно, сега со малку видизменет концепт продолжуваме со она што ние  сметавме дека му фали на градот. Секако ова не е најдоброто, а сигурно во иднина ќе следи ново подобрено издание. Со поддршка на сите кои се наоѓате тука и во “Bitola City Guide 2023“ се испечатија 12 илјади примероци. Сите кои се дел од “Bitola City Guide 2023“ ќе добиваат бесплатни примероци. 12 илјади е бројка која што би требало да ги исполни потребите до крајот на годината, но ако е потребно ќе испечатиме и дополнителен број примероци. Печатеното издание име неколку категории, општи информации за градот, кратка историја, што треба да се посети и понатаму комерцијалниот дел кој е поделен во категории од сместувачки капацитети, угостителски капацитетите, тури кои се нудат, останати сервиси… Ова е направени најмногу од наше искуство, кога сме патувале што ни било најпотребно, како информација но и по сугестии на гостите кои престојувале тука, какви потреби имале и како да дојдат до тоа.“Bitola City Guide 2023“ нема да бида само на места кои се наоѓаат тука, ќе ја има и на места каде се движат туристите, а ние сме отворени за соработка за сите кои ќе ја препознаат оваа идеја која сега веќе е реализирана. “Bitola City Guide 2023“ ќе биде дистрибуирана до најдобрите 10 локации кои се споменати.За мобилната апликација беше речено дека се наоѓа на двете апликации за мобилни телефони и е бесплатна, и секој може да се снајде. Поделбата по категории е направена како и печатеното издание и лесно секој турист може да ја користи, а за таа цел низ центарот на градот ќе има поставени и билборди.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »