Попладнево во хотел “Бела куќа“ во Битола беше промовиран битолскиот градски водич “Bitola City Guide 2023“ кој го издаде здруженито на граѓани “Дојди, види и уживај“ од Битола. Горан Спировски, туристички работник, кој работи во туристичката агенција “Турист“ веќе 11 години, е дел од малиот тим кој го подготви “Bitola City Guide 2023“, а на промоцијата рече:-Нашиот концепр е “Bitola City Guide 2023“ да биде туристички водич на Битола затоа што град Битола има голем број туристи, меѓутоа недостигаше една информација, а таа е каде тие туристи можат квалитетно да го поминат времето во нашиот град и тоа да го испланираат пред да дојдат тука. Целта на “Bitola City Guide 2023“ е и индиректно да се поврзат повеќе бизниси, но сите да бидат задволни. Тука би ги споменал прво туристите, странските и домашните, како и давателите на услугите. “Bitola City Guide 2023“ ја имаме во две верзии и електронска.Горан Пинза, туристички водич од Битола, исто така работи во туризмот 11-12 години, дел од тимот кој го подготви ова издание, за печатеното издание на “Bitola City Guide 2023“ рече:-Оваа година по паузата поради короната повторно, сега со малку видизменет концепт продолжуваме со она што ние сметавме дека му фали на градот. Секако ова не е најдоброто, а сигурно во иднина ќе следи ново подобрено издание. Со поддршка на сите кои се наоѓате тука и во “Bitola City Guide 2023“ се испечатија 12 илјади примероци. Сите кои се дел од “Bitola City Guide 2023“ ќе добиваат бесплатни примероци. 12 илјади е бројка која што би требало да ги исполни потребите до крајот на годината, но ако е потребно ќе испечатиме и дополнителен број примероци. Печатеното издание име неколку категории, општи информации за градот, кратка историја, што треба да се посети и понатаму комерцијалниот дел кој е поделен во категории од сместувачки капацитети, угостителски капацитетите, тури кои се нудат, останати сервиси… Ова е направени најмногу од наше искуство, кога сме патувале што ни било најпотребно, како информација но и по сугестии на гостите кои престојувале тука, какви потреби имале и како да дојдат до тоа.“Bitola City Guide 2023“ нема да бида само на места кои се наоѓаат тука, ќе ја има и на места каде се движат туристите, а ние сме отворени за соработка за сите кои ќе ја препознаат оваа идеја која сега веќе е реализирана. “Bitola City Guide 2023“ ќе биде дистрибуирана до најдобрите 10 локации кои се споменати.За мобилната апликација беше речено дека се наоѓа на двете апликации за мобилни телефони и е бесплатна, и секој може да се снајде. Поделбата по категории е направена како и печатеното издание и лесно секој турист може да ја користи, а за таа цел низ центарот на градот ќе има поставени и билборди.
С. Ристевски