Press "Enter" to skip to content

Денес вонредна седница на Советот на Општина Битола поради важноста на некои точки

За денес, четврток, 18 мај, претседателката на Советот, Габриела Илиевска закажа седница на советот на Општина Битола, вонредна како што беше побарано, а на неа ќе има три точки на дневер ред.

На дневен ред на седница ќе се најдат точките:

-Донесување одлука за давање на согласност за конфинансирање на проектот за изработка на техничка документација за „Реконструкција на каскадите и слапишта како и дел од општествените речни ѕидови на реката Драгор на потегот од мост на Индустриски пат се до 500 метри над Црн Мост“.

-Донесување на програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2023 година

-Заклучок на Советот за усвојување на Извештајот на општинската Комисија за проценување на штети од елементарни непогоди во општина Битола настанати од невремето – град и поплави на ден 27.05.2022 година.

Согласно член 53 од деловникот за работа на Советот на Општина Битола каде јасно стои дека вонредна седница може да закаже претседателот на Совет или една третина од советниците во Советот. Закажана е вонредна седница по барање на администрацијата на три точки кои се повикуваат на итност и истата ќе биде денес утре бидејќи едниот повик за којшто тие се прогласуваат за итни завршува на 18 мај.

More from ВестиMore posts in Вести »