Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ го победија ТФТ за финале Пелистер – МЗТ Скопје, за реприза од лани

ТФТ Моцарт – Пелистер 82:84

Екипата на Пелистер од Битола победи против ТФТ во Скопје и со 2:0 по натпревари се пласира во финале, во кое исто како и во ланскиот, така и во овој кошаркарски шампионат,  ќе игра во големото финале на македонската кошарка, а ќе го предизвика актуелиот освојувач на шампионската титула, МЗТ Скопје Аеродром

Уште во првата четвртина кошаркарите на Пелистер покажаа дека не сакаат да играат “мајсторка“ во Битола, и во првите десет минути постигнаа дури 34 поени, или седум повеќе од противникот, за 27:34. И во втората четвртина битолчани го чуваа тоа водство, а во 16. минута  имаа највиско водство од +7 (34:27), за на одмор Пелистер да замине со 50:45 или +5. Во овој период најефикасни беа  Карутерс и Маслинко со по 13 поени.

Второто полувреме или третата четвртина започна со израмнување 52:52, но “пелистерци“ повторно се вратија на +5 (56:61) во средината на третата четвртина. ТФТ поврорно израмни 65:65,  и во последната четвртина влегоа со +3 (65:68). Во четвртиот квартал ТФТ имаше водство 72:70, а потоа следуваше израмнета игра до 78:77. Карпентер со четирите поени во серија му донесе на својот тим водство 82:78 кое се покажа и како победничко, а Хаџифејзовиќ погоди за 84:79 на девет секунди пред крајот за финале, и конечни 82:84.

More from ВестиMore posts in Вести »