Press "Enter" to skip to content

Прекугранична соработка: “Smart4You2“ – изложба “Градски костуми“ на Наде Гелевска Брачич (фото)

Денес во Глабочани, општина Пустец, Албанија во музејот на Стерју Спасе, во рамките на проектот “Smart4You2“ се отвори изложбата насловена “Градски костими“  чиј автор е Наде Геневска – Брачич од Заводот и Музеј Битола. На отворањето зборуваше домаќинот градоначалникот на Пустец – Пали Колефски, директорката на Завод и Музеј во Битола – Мери Стојановска и авторот на изложбата Наде Геневска – Брачич.

Градоначалникот на Пустец – Пали Колефски ги поздрави присутните и рече дека посебно се радува што со овој настан го започнува својот нов мандат како градоначалник и рече:

-Се надевам дека овој проект “Smart4You2“ ќе биде успешен како претходниот проект во кој ја направивме оваа спомен куќа која го краси селото, на нашиот Стерју Спасе. Мило ми што повторно се собравме тука да го започнеме новиот, можеби најуспешен проект помеѓу двете општини Пустец и Битола. Подобрени се некои работи, законската регулатива и друго и затоа верувам дека ќе биде успешен проект.Директорката на Завод и Музеј од Битола, Мери Стојановска која ја отвори оваа изложба рече:

-Ми претставува посебна чест со оваа изложба да го одбележиме Меѓународниот ден на музеите, тука во Пустец, со отворање на изложата и секако и со популаризација на музејот на Срерју Спасе. Сакам да го поздравам градоначалникот, кој со двата мандати ги врзува и двата проекти, а се надевам дека и овој ќе биде успешен. Оваа е првата активност на новиот проект, изложба на градски костими, кои се дел од колекцијата на Завод и Музеј.

Авторката на изложбата “Градски костуми“ Наде Геневска – Брачич на отворањето на изложбата рече:-Ми претставува чест што оваа изложба е дел од новиот прокет, со која претставуваме еден период од градот Битола, која е најзначајниот период за нашиот град во 19. век и 20. век. Во овој период имаме три типови на костими ала-турка, ала-франка и битолскиот костим, кои се прикажани на фотографиите. Во тој период според облеката може да се одреди и социјалниот статус на жителите, односно секоја категорија се препознавала според облеката. 

Краток вовед во проектната активност даде и Директорката на Директорат за заштита на културното наследство – Корча, Аманда Цици.

Ана Секуловска Јовковска, проектен-менаџер на проектот “Smart4You2“, на денешниот настан рече:

-Општина Битола, како водечки партнер во проектот заедно  со своите партнери ја негува промоцијата и заштитата на културното наследство во насока на продлабочување на соработката помеѓу регионите и искористување на можностите кои ни се дадени од Европските фондови.Со денешниот настан кој што е еден од низата активности во проектот, ја реализираме предложената акција, насловена како “Smart4You2“, која е тесно релевантна за еден од Приоритетите на Европска Унија – поттикнување на туризмот, културата и природното наследство, односно развивање на потенцијални капацитети на туризмот преку промовирање на културното наследство и вредности. Ваквиот модел на промоција и заштита на културното и природното наследство, може да обезбеди рамномерен и одржлив социо-економски развој на прекуграничниот регион, вклучувајќи ги, тука, регионите на Битола и Корча.

More from ВестиMore posts in Вести »