Press "Enter" to skip to content

Регионална трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, “Повратен билет, ќе се вратиме ли дома“ (фотогалерија)

Вечерва во киното “Манаки“ во Битола во организација на ВМРО-ДПМНЕ се одржа  регионална трибина на тема “Повратен билет, ќе се вратиме ли дома“, на која зборуваа проф. д-р Лазар Јовевски, претседател на Централна комисија за труд, социјална политика, демографија родова еднаквост на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Ивановски, претседател нa УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.На трибината присуствуваа градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Олга Лозановска, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Пеце Милевски, советници, членови на телата на ОК Битола, претставници на општинските комитети од регионот, членови на партијата, симпатизери…На трибината присутните ги поздравија Градоначалникот на општина Битола и Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола.-Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и проф д-р Христијан Мицкоски сериозно ќе работи во интерес на младите затоа што неопходни се демографски, образовни, социјални и економски политики, во формалното и во неформалното образование, младите низ образовниот процес да се стекнуваат со знаења и со вештини што му се потребни на бизнис-секторот и кои се веднаш применливи, потребни се и добро дизајнирани обуки, како и програми за доквалификација и за преквалификација на младите што го завршиле формалното образование и кои се невработени.

More from ВестиMore posts in Вести »