Press "Enter" to skip to content

Се одржува “UKLO Open“ – отворен тениски турнир на УКЛО Битола (фотогалерија)

Утре ќе се одржат полуфинални и финални натпревари на отворениот тениски турнир “UKLO Open“ во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Во завршните натпревари кои на програмата се од 15 часот се пласираа четворица најдобри професори во категоријата академско – административен кадар и четворица студенти и средношколци.  Во досегашниот тек од Турнирот, се одиграа над 30 натпревари.Инаку, отворениот тениски турнир “UKLO Open“ започна на 17.05. 2023 г. на тениските терени кај Градскиот стадион во Битола, прв од серијата спортски случувања во организација на УКЛО. На триесетината учесници меѓу кои академски и ненаставен кадар и студенти од УКЛО им се приклучија граѓани и средношколци од Битола.Турнирот започна со натпреварите од групната фаза. Натпреварувачите беа поделени во две групи, во секоја категорија. Најдобрите двајца продолжија во завршните полуфинални и финални натпревари што се одигруваат утре, на 19 мај 2023 година. Натпреварите донесоа интересни мечеви во кои учесниците се покажаа како добри познавачи на тениската игра.Турниот го следеа проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска и ректорот, проф. д-р Игор Неделковски кој одигра неколку мечеви. Со активното учество на Турнирот тој ја афирмира заложбата на УКЛО за популаризација на спортските активности и рекреацијата меѓу студентите и вработените на Универзитетот.Од УКЛО велат дека отворениот тениски турнир “UKLO Open“ очекуваат во иднина да прерасне во традиционален спортски настан и да се прошири на државно универзитетско ниво.Пред почетокот на отворениот тениски турнир UKLO Open, во организација на УКЛО, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски на студентите спортисти им додели благоданици и беџови со титулата Амбасадори на УКЛО. Станува збор за дваесетина студенти од сите единици на Универзитететот кои го претставуват УКЛО на државни универзитетски натпревари во повеќе спортови.

More from ВестиMore posts in Вести »