Press "Enter" to skip to content

Во болница “Плодност“ приказната за “Advanced laparascopy“ продолжува, лапараскопско вадење на матка за само 15 минути (видео)

-Не само што ја усовршивме техниката на лапароскопските операции туку и го скративме времето на операцијата, вели д-р Христијан Трпчевски, експерт за микроинвазивна хирургија, од болницата “Плодност“ во Битола и додава:

-Кај оваа пациентка направивме тотално отстранување на матката за само 15 минути. Пациентката вечерта беше мобилна, а наредниот ден ја напушти болницата.

-Со лапароскопскиот пристап, пациентките имаат многу помала болка, брзо се опоравуваат, многу брзо стануваат работоспособни и имаат козметички бенефит – само 3 мали посекотини на кожата по 5 мм. Бенефитот од овие операции најдобро го чувствуваат оние кои ќе ја прифатат оваа технологија во однос на класичната хирургија, која за хирургот е полесна, но за пациентките е многу потешка. Отстранувањето на матката по лапарокопски пат за нас е рутина. Матките со нормална големина ги вадиме за 20 до 30 минути, вели  д-р Христијан Трпчевски, експерт за микроинвазивна хирургија.