Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ им додели пофалници за 2022 година на вработени од НУ Завод и музеј од Битола, на д-р Ирена Ружин – за Музејски работник на годината и Наде Геневска Брачиќ – за Музејски проект на годината за проектот “Грло елемент од народна носија“.Оваа година традиционално советување на МНК ИКОМ се одржа во Музејот на современата уметност во Скопје, во пресрет на 18 Мај – Меѓународен ден на музеите. Темата на советувањето беше “Музеи, одржливост благосостојба“.
На советувањето свое излагање имаа вработените од НУ Завод и музеј, Д-р Ирена Ружин и м-р Јове Парговски со наслов “Што правиш ти за другите?“, со осврт кон пристапноста и инклузијата во музеите како значаен сегмент за постигнување благосостојба за посетителите.

За Ирена Ружин награда за музејски работник на годината, за Наде Геневска Брачиќ за Музејски проект на годината (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“