Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: се заканувале со пиштол полицијатата ги привела, кривични за разбојништво и ширење насилство на “фејсбук“

На 18.05.2023, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода три лица на возраст од 65, 62 и 66 години сите од Битола, затоа што, по претходна расправија, со пиштол се заканиле на 53 годишно лице од Битола во кругот на неговата фабрика во битолско село. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 04.03.2023 во Битола, пријавениот физички ја нападнал Л.С. (70) од Битола и и одзел накит.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 21.06.2022 на објава на порталот на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот напишал коментар со кој поттикнувал насилство и омраза.

More from ВестиMore posts in Вести »