Press "Enter" to skip to content

17 санкционирани возачи под дејство на алкохол на територија на град Битола

Во текот на изминатата вечер (18/19.05.2023), во периодот од 23.00 до 05.00 часот, на територија на град Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 17 алкохолизирани возачи, кои се веднаш исклучени од сообраќај. За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот. 

More from ВестиMore posts in Вести »