Press "Enter" to skip to content

Бобан Бабунски не е повеќе тренер на ФК Пелистер

-ФК Пелистер од Битола ја известува јавноста дека со завршувањето на Втората фудбалска лига официјално заврши договорот на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски.  Со оглед на неисполнувањето на целта, промоција во Првата лига, патиштата на клубот и Бабунски се разидуваат, соопштија од ФК Пелистер од Битола.

ФК Пелистер воедно му се заблагодари на Бабунски за неговата работа, професионалност и посветеност и му посакува многу успех во понатомошната кариера.

Клубот во наредниот период ќе го објави новиот шеф на стручниот штаб за сезоната 2023/24.

More from ВестиMore posts in Вести »