Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележани 187 години од формирањето на противпожарната единица на Балканот

По повод 20 Мај, Денот на пожарникарството во Македонија, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, положија цвеќе пред спомен плочата на територијалната противпожарна единица во Битола.

ТППЕ Битола е најстарата единица во државата и на Балканот, формирана на 20.05.1836 година со повелба на Румелискиот Валија. Градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи им се за посветеноста, хуманоста и солидарноста на пожарникарите им го честита денешниот ден:-Денес кога се одбележуваат 187 години, од формирањето на противпожарната единица, сакам да им го честитам Денот на пожарникарите, да им се заблагодарам за пожртвуваноста, храброста, хуманоста и солидарноста, при сите интервенции, кога е потребно нивно делување за заштита на животот и зачувување на безбедноста на населението и материјалните добра, при пожари и други непогоди. Како локална самоуправа, остануваме посветени на работата на создавање подобри услови за нашите пожарникари, за што покрај подобрување на опременоста и возниот парк, активно работиме и на реализација на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, со цел нашите пожарникари, да добијат соодветни и многу подобри услови за работа. Нека е честит 20 Мај – Денот на македонските пожарникари, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, при денешната посета на ТППЕ Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »