Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: цревна флора и потреба од пробиотици

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за цревна флора и потреба од пробиотици, за што вели:-Неколку дена по раѓањето нашите црева формираат млечно кисели бактерии потребни за подобрување на  процесот на варење на храната преку млечните ензими кои учествуваат во разградување и апсорбција на храната и на тој начин се намалува надуеноста и диспепсијата, второто во одржување нормална перисталтика на цревата со регулирање на обстипација или диареја, во процесот на синтеза на витамин К витамини Б и фолна киселина кои учествуваат во процесот на коагулација, нормално функционирање на ЦНС и периферни нервен систем  во нормална еритропоеза, четвртата главна функција на млечно киселите бактерии во цревата е во инхибирање на растот и развојот на патогени бактерии како ешерихија коли,клебсиела протеус преку процесот на синтеза на млечна киселина.

Постојат ендогени фактори како возраст над 60 години дизентерија, леукемии, лимфоми, малигнитети и егзогени фактори како долготрајна употреба на антибиотици, ладна клима во зимските месеци и лоша исхрана (пржена и брза храна).

За да се избегнат нарушувања во организмот како слабост, недостаток на витамини, анемија, обстипација или дијареја, инфекции,надуеност на стомак и  гадење потребно е внес на пробиотици (лактобацили)во храната како диастоп директ, ферментал итн.