Press "Enter" to skip to content

Успешно заврши универзитетскиот турнир во тенис “UKLO Open 2023“ (фото)

На тениските терени во близина на Градскиот стадион во Битола, се одржа првиот Универзитетски турнир во тенис “UKLO Open 2023“ со 30-на натпреварувачи од академскиот и ненаставниот кадар на УКЛО, студенти, средношколци и граѓани од Битола.Победник на Турнирот е Зоран Јошевски од Техничкиот факултет – Битола, второто место го освои Младен Караџоски од Правниот факултет – Кичево, трет се пласира Васко Сиваков од Ректорат на УКЛО и четвртото место го освои Игор Неделковски, ректор на УКЛО.Во категорија студенти и средношколци победник е: Божидар Ѓеорѓиевски, второто место го освои Ангел Ѓеорѓиевски, на трето место се пласира Васко Костески и четвртото место го освои Петар Анчевски.В понеделник, на 22.05.2023 година во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на најуспешните натпреварувачи во категоријата студенти и средношколци, ректорот Неделковски ќе им додели пехари за освоените места.Воедно, за сите учесници на првиот Турнир обезбедени се благодарници за активно учество.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски во рамки на заложбата на УКЛО да ги негува и унапредува спортот и рекреацијата како дополнителен квалитет во студентското и академско живеење на Универзитетот, ја најави можноста од наредната година Турнирот да прерасне во натпреварување кое ќе ги обединува најдобрите тенисери од сите универзитети во нашата држава.За ефикасната реализација на Универзитетскиот турнир во тенис “UKLO Open 2023“, УКЛО искажа благодарност до Тенискиот клуб „Чакулевски“ од Битола и Општина Битола со чија поддршка Турнирот се реализира со потребната успешност и ефикасност.

More from ВестиMore posts in Вести »