На територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување, при што санкционирани се 20 возачи, а откриени се и 17 останати прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од СВР Битола.