Press "Enter" to skip to content

Титулата се врати во Битола, илјада битолчани со пиво, песна, бакли и огномет ги пречекаа ракометарите на Широк Сокак (видеа+фотогалерија)

По веста дека екипата на Еурофарм Пелистер од Битола и теоретски е шампион на Македонија во ракомет љубителите на ракомет во Битола се организираа и некоја минута после полноќ ги пречекаа новите ракометни шампиони.Брендираниот автобус на Еурофарм Пелистер, заедно со колона возила пред него и после него тешко дојде до Широк Сокак, а кога конечно дојде започна славјето на битолчани за титулата која ја чекаа долги години.

Автобусот беше залиен со пиво, се запалија баклите и следуваше залено-бел огномет, а кога од автобусот слегоа претседалот Зоран Стерјев, Бојан и капитенот Радовиќ започна славењето на титулата.

Битолчани на полноќ, на Широк Сокак во чест на ракометните шампиони ја запеаја “Ако одам во Битола“, запеаја и ракометарите, а тренерот Александар Јовиќ се најде на раце на навивачите.

Забавата во Битола, продолжува, а кога ќе дојде големиот шампионски пехар во Битола, ќе продолжи со исто темпо.

Како беа ракометарите пречекани на Широк Сокак низ фотогалерија и видеа кој ги направија нашите фототепортери на терен, Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска.

More from ВестиMore posts in Вести »