Press "Enter" to skip to content

Ветеринарниот факултет – Битола, единица на УКЛО домаќин на Семинар од областа на ветеринарната медицина (фото)

На Семинарот од страна на гостите, стручни презентации одржаа професори од Департманот за ветеринарна медицина на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад меѓу кои: д-р Иван Станчиќ, д-р Бојан Тохољ и д-р Михајло Ердељан, како и докторот по ветеринарна медицина, Никола Буневски. Од домаќините  стручни презентации одржаа д-р Петар Додовски,  д-р Панче Дамески и д-р Игор Здравески.  Семинарот од областа на ветеринарната медицина од Ветеринарната комора на Република Северна Македонија  е акредитиран со девет бодови.Големиот и квалитетен одзив на Семинарот според деканот на Ветеринарниот факултет – Битола, проф. д-р Никола Караболовски е многу значаен за Факултетот, особено затоа што настанот го следеа околу 200 учесници. Деканот Карболовски истакна дека големо е значењето од перманентна едукација на ветеринарите, дека е нужен и неопходен освртот кон значајни теми и прашања од ветеринарната медицина. Според него, апсолвирана е вистината дека добар ветеринар е едуциран ветеринар, дека добар ветеринар е образуван ветеринар, не само извежбан, туку и образован. Тој потенцира дека ветеринарната медицина е еден вид – работна уметност и во таа насока, семинарот го помога најважното: да се научи нешто повеќе за работата, да се збогатат сознанија, за тоа што е важно во работата, за поуспешна и попродуктивна едукација на младите генерации ветеринари. Според него, задоволството дека ветеринарната медицина е емпатична професија, за Ветеринарниот факултет – Битола претставува дополнителна обврска, сериозна и комплексна определба: да се знае како треба да ги третираат пациентите, да се користи квалитетно знаење.На Семинарот од областа на ветеринарната медицина  учествуваше и проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ. Тој од име на ректорот и УКЛО посочи дека семинарот претставува стручна, академска прилика, да се прошируваат видиците, да се допираат нови истражувачки хоризонти, да јакне академската поврзаност. Според него, тоа што Ветеринарниот факултет – Битола е меѓу помладите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  е  своевиден поттикнувачки  момент и за Универзитетот и за вработените на Ветеринарниот факултет,  да се посветат во реализација на  заложбата:  да се усогласува наставниот процес со другите ветеринарни факултети, да се развива и да се унапредува наставната, научната и стручната дејност. Позитивна и висока оценка за Семинарот во којшто беа вклучени и студентите изнесе Александар Талевски. Тој е студент во втора година на Ветеринарниот факултет – Битола. „ Ова е еден прв настан во којшто учествувам како  дел од Факултетот и мојот впечаток е дека е многу добро и успешно да се вклучат студентите активно, може да се запознаат како се организира еден ваков  настан, како треба да се однесуваат, кои се потребните работи и исто така да научат нови работи и искуства и сето тоа е многу успешно.“Семинарот од областа на ветеринарната медицина во организација на Ветеринарниот факултет – Битола, единица на УКЛО  беше потпомогнат од  коорганизаторот, Ветеринарната комора.

Е. А. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »