Press "Enter" to skip to content

Малите “црвени качкети“ низ битолските улици (фотогалерија)

Овие денови Битола беше преплавена од ученици од основни училишта од Франција, Грција, Италија… Во прудружба на своите наставници тие беа дел од ученичка размена  во  рамките на Еразмус проектот – SAVE, во којшто партнерско училиште е основното училиште “Даме Груев “ од нашиот град. Фокусот на проектот е  низ претходно осмислени заеднички активности  да се стане Европски еко граѓанин.Станува збор за соработка и размена со европски партнерски училишта  со искуства во заштитата на животната средина и  особено во делот на едукацијата за одржлив развој.Бројната француска екипа од  две основни училишта од општината Екије, препознатлива по “црвените качкети“ имаше најдолг престој. За скоро сите ученици тоа беше прво далечно патување надвор од државата, но исполнето со добро осмилени активности,стекнати нови другарчиња, запознавање со културата, традицијата и  природните убавини на нашата земја, посети и излети во  Матка, Пелистер, Бабино, Француски воени гробишта, Француска Алијанса.Престојот беше можност и за планирање на идни проектни соработки. За таа цел, директорката на ОУ “Даме Груев“, Биљана Дамчевска Бакиевска, потпиша меморандуми за соработка со двете француски училишта во насока  на успешна и ефикасна реализација на заеднички проекти со цел  модернизација и интернационализација на едукативниот процес. 

 „Црвените качкети “ среќни и задоволни ја напуштија Битола, со огромна благодарност за топлиот прием и успешно организираниот престој упатена до директорката и сите наставници во училиштетоо – домаќин,  особено за наставничката по француски јазик Биљана Додовска Георгиев и секако за координаторката на проектот, наставничката по биологија Соња Јанкуловска. И, побогати со научен по некој збор на македонски јазик. Уште еден успешен Еразмус проект значи  сет од успешно реализирани цели – размена на искуства, знаења идеи,  запознавање на другиот но и  спознавање на  себеси,  можност за реципрочни  посети и размени и  паралелно  учење за јазикот, кулктурата и традициите , но и  споделување на цивилизациските вредности  на државите, на народите.

More from ВестиMore posts in Вести »