Press "Enter" to skip to content

“Мојот јазик – моја мелодија“ мото на одбележувањето на патронатот на ОУ “Коле Канински“ од Битола (фотогалерија)

Вечерва основното училиште “Коле Канински“ од Битола го одбележа својот 79. патронат, под мотото “Мојот јазик – моја мелодија“, а свечената приредба се одржа во Центарот за култура во Битола.На одбележувањето на патрониот празник, како и многу пати присуствуваше и синот на Коле Канински кој живее во Србија.На присутните им се обрати директорката на ОУ “Коле Канински“, Дијана Христовска која рече:

-Сакам на почетокот на да го поздравам синот на нашиот патрон, Стефан Канински и неговата сопруга, кои доаѓаат од Белград, како и сите присутни, советниците, претставниците од локалната самоуправа, моите колеги, родителите и секако учениците. Вечерва го одбележуваме 79. патрон на нашето училиште кое гордо го носи името Коле Канински. Училиштето под ова име не се промовира само во Македонија, туку и надвор од неа, а го промовираме со освоени бројни награди и признанија. Препознатливи сме како училиште кое учествува во безброј проекти, како домашни така и меѓународни. Единствени сме по тоа што имаме остварено братски средби и со шест држави, веќе од 1977 година, кои денес ги негуваме. Со тоа нашите ученици добиваат можност да се збогатат со нови искуства и да добијат различен поглед кон светот, а за идните планови додаде:-Како и до сега ќе се стремиме да бидеме поуспешни на сите полиња на кои сме активни, а сето тоа со цел на нашите сегашни и идни ученици да им дадеме што подобро услови за учење и престој во нашето училиште, и да им обезбедиме што поквалитетна настава, бидејќи не само децата кои се во нашите школски клупи, туку и сите деца се нашата иднина, во која мораме сите да вложуваме.Училиштето, со низа активности и настани, го одбележа патрониот празник, а учениците и нивните ментори со многу ентузијазам, креативни дела и изработки на учениците од сите одделенија, се прикажаа во одлично издание.Најмалите ученици го започнаа одбележувањето на патрониот празник на која учествуваа голем број на ученици, со точка посветена на македонскиот јазик, како што впрочем беше и мотото на свечената приредба. Следуваа настапите на повозрасните ученици, кои се претставија со точки со кои го покажаа својот талент за играње и пеење.Учениците изведоа и дел од драмата “Чорбаџи Теодос“, имаше и рецитал, а се изведе и кратка хумористична драма.Рециталот посветен на патронот Коле Канински, каде неговиот живот беше и визуелно претставен од учениците, им го прикажа животниот пат од неговото раѓање се до прераната смрт, оправдано доби најмногу аплаузи.За крај на приредбата се потрудија ученичкиот хор кој ја изведе песна “Ако одам во Битола“, а голем од учесниците ја испеаја химната на училиштето, посветена на нивниот патрон Коле Канински.Во рамките на одбележувањето на патрониот празник се одржаа и други настани и натпревари, се одржа свечена седница на ученичкиот парламент и изложба на обележувачи на книги.Празнувањето продолжува утре со полагање на цвеќе на бистата на Коле Канински, отворени часови во централното и подрачните одделенија, а во 12 часот ќе се одржи работилница “Речи му не на пушењето“.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »