Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка затекната како нуди сексуални услуги, млад битолчанец агресивен кон полицајци

На 21.05.2023 во 21.30 часот кај Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола затекнале 34 годишна битолчанска како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. По документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

На 21.05.2023 на ул. „Партизанска“ во Битола,  20 годишно лице од Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »