Денес, на 22 мај, интернационалниот ден на биолошката разновидност учениците од земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ од Битола со своите соученици, партнери од Франција и Италија, ги започнаа активностите на тема “Биодиверзитетот и пчелите во Европа”.-Постои нераскинлива врска помеѓу природата и човечкиот живот. Ние сме зависни од здрави, разновидни природни системи за нашата храна и здравје во неверојатна мера. Затоа, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност за да се подигне свеста за неколку прашања за биолошката разновидност. Активностите кај учениците ќе допринесат за да се зголеми разбирањето и присутноста на проблемот со биолошката разновидност, истакнуваат од средното земјоделско училиште.

СОЗУ “Кузман Шапкарев“ го одбележа Интернационалниот ден на биолошката разновидност
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пионерите на Еурофарм Пелистер 2 поразени од Охрид во финалето (фотогалерија)
- Млад бек од Тунис го засили Еурофарм Пелистер 2
- Деновиве пред 10 години: во Битола мирен протест за поддршка на безбедносните сили (фотогалерија)
- СВР Битола: скопјанец приведеден за дрога во Битола
- Пионерите на Еурофарм Пелистер 2 во финале против Охрид, во полуфиналето во Битола го победија Алкалоид (фотогалерија)