Press "Enter" to skip to content

Тони Петровски шампион во “Б“дивизијата во дисциплина “9-ка“ Американски пул билјард

После два месеци пауза поради тоа што Билјард федерацијата на Македонија беше организатор на турнир од Балканската лига, билјард заедницата повторно се сретна овојпат на 3. мастерс од Државниот шампионат и во “Б“ и “А“ дивизијата и тоа во Гран клуб Скопје.

Од вкупно 36 играчи во “Б“ дивизијата“ во Американски пул билјард,  Битола ја претставуваа 8 мина, и имаа барем по една победа.

Победник во “Б“ дивизијата, дисциплина “9-ка“, е Тони Петровски е во групата на играчи кои ќе се натпреваруват за учество во “А“ дивизијата. Редовното играње, слушањето на советите и спаринг со туторијали од тренерот Готран Думевски конечно вродија со плод.

-За поздравување е желбата за работа, учење па и да се истрпат критиките од тренерот кој што не се баш пријатни и покрај добронамерноста но тоа е Тони кој што со своите 55 години иако е можеби нај оспоруван играч сепак си продолжи упорно чекор по чекор да си оди по нагорна линија, вели Горан Думевски – Панчо.

Од играчите кои се квалификуваа вредно е да се спомене Ѓорги Димитров кој што забележа 3 победи во добра игра, а добар настап имаше и Даниел Бошковски но сепак ова четвртфинале е повторување на неговиот најдобар успех, кој можеби ќе го подобреше да не налеташе на Тони Петровски.

Се одржа и третиот мастерс во “А“ дивизијата во кој Христо Василевски го задржа првото место но со намалена предност, а останатите играчи или го расипаа својот пласман или го задржаа истиот.

Судија беше Горан Петровски, а му асистираше Горан Думевски Панчо, двата од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »